Background

Гратчето кадешто принцот Хари играше, познатите се журкаа, а луксузот владееше на сцената

Еден мал град во Колорадо повторно станува епицентар на глобалниот гламур. Аспен, некогашно рударско гратче, повторно го потврди својот статус како омилено зимско одморалиште за познатите личности од А-листата оваа сезона, привлекувајќи ги со совршената комбинација од адреналински спортови, врвен луксуз и, најважно од сè, за нив многу важната приватност.

Листата на познати лица кои прошетале по снежните улици на Аспен е долга и импресивна.

Светското првенство во снежно поло на Сент Реџис во ова гратче го спои овој елитен спорт со шампањско, попладневни забави со диџеи и гости од А-листата.

- Advertisement -
Ad image

Принцот Хари постигна четири гола. Навивачите, меѓу кои беа Колман Доминго, Голди Хоун и Мараја Кери, го бодреа од загреани ВИП шатори, додека грицкаа ракчиња. Во меѓувреме некои добиваа интравенски инфузии во велнес шатор, додека други танцуваа на забава со диџеј кој свиреше поп-хитови, во придружба на трубач, пишува MSN.

Ова беше Светското првенство во снежно поло на Сент Реџис, годишен добротворен настан што ги носи богатите и славните во Аспен и кадешто има жестока конкуренција од најдобрите играчи на снежно поло во светот. За разлика од традиционалното поло, тимовите се состојат од три, а не од четири играчи. И се игра на снег, а не на трева.

Снежното поло, кое започна во Сент Мориц, беше воведено во Аспен пред околу 15 години и сега служи како неофицијален почеток на зимската сезона, носејќи со себе виор од коктел-приеми, вечери, познати личности и луксузни брендови.

Прославите започнале со забава за добредојде на 16 декември во апартманот „Paradis Suite“, кој чини 10.000 долари за ноќ, а е сместена на петтиот кат од хотелот „Сент Реџис“, кој е домаќин на натпреварот.

Уште еден куп настани и забави со диџеи ја отворија сезоната на славните во Аспен.

На проекцијата на „Song Sung Blue“ во Аспен, Колорадо, Кејт Хадсон доби поддршка од нејзината мајка Голди Хоун и нејзините браќа, Оливер Хадсон и Вајат Расел – заедно со легендарниот Нил Дајмонд.

Листата на познати личности кои имаат домови во близина на Аспен или кои често го посетуваат ги вклучува: Мараја Кери, Голди Хоун, Џастин Бибер, Хајди Клум, Кејт Хадсон, Кендал Џенер, Кевин Костнер,
Џек Николсон, Ники Хилтон…

Комбинацијата од недопрена природа, врвна услуга и чувство за ексклузивност го прави Аспен единствена дестинација. За познатите личности, тоа е место каде што можат да ги наполнат батериите, да уживаат во зимските спортови и за момент да заборават на рефлекторите, исто како и сите други посетители, само со малку повеќе стил.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation