Топ Вести - Слушај сега
Владината коалиција функционира одлично и во овој момент нема потреба од одржување предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека главниот фокус на извршната власт остануваат реформите.
Тој рече дека на ВМРО-ДПМНЕ, по апсолутниот триумф на локалните избори, партиски би ѝ одговарало да се оди на ново соочување со граѓаните, но сепак одговорноста е на прво место.
– За да се распушти Парламентот формално се потребни 61 пратеник, а во моментот не гледам потреба за одржување предвремени парламентарни избори. Од она што го разговарам со меѓународната заедница, но и со граѓаните, тие од оваа Влада очекуваат реформи и тоа е нашиот главен фокус и приоритет, реформи и испорака – рече Мицкоски.
Сепак, додаде тој, како најголема партија, треба да се однесуваме одговорно.
– Приоритетот е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните – рече Мицкоски.
На новинарско прашање дали актуелниот министер за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани ќе биде разрешен од функцијата, бидејќи изјави дека планира да формира сопствена политичка партија, Мицкоски рече дека не е информиран за тоа.
Во однос на изборот на нов државен јавен обвинител, премиерот информираше дека сè уште нема конечна одлука и дека јавноста навремено ќе биде известена.
Tagged as:
Граѓаните очекуваат реформи и подобар живот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
