Background

Граѓаните незадоволни од правосудниот систем и бараат реформи

Последното истражување на јавното мислење спроведено од МКД.мк преку агенцијата Маркет вижн открива дека македонските граѓани не се задоволни од работата на судиите и јавните обвинители во правосудниот систем.

Најголем дел од испитаниците сметаат дека судиите и јавните обвинители не заслужуваат зголемување на месечните примања, а повеќе од 40 отсто од граѓаните се за смена на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Според анкетата, на прашањето дали судиите и јавните обвинители заслужуваат повисоки плати, дури 73,6 отсто од испитаниците одговориле негативно. Само 14,8 отсто сметаат дека зголемувањето на буџетот за македонското правосудство е оправдано.

- Advertisement -
Ad image

Најголем дел од граѓаните сметаат дека ситуацијата во судството нема да се подобри дури и ако судиите и обвинителите добијат повисоки плати.

Во однос на работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, 42,3 отсто од испитаниците дале негативна оценка за неговата работа, додека 22,2 отсто сметаат дека тој добро ја врши својата функција. За смена на Коцевски се изјасниле речиси 40% од граѓаните.

Анкетата беше спроведена од 25 ноември до 6 декември 2025 година, со употреба на CAТI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на целата држава според регион, пол, возраст и етничка припадност, согласно податоците од пописот 2021 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation