Група граѓани го демолираа кафулето „Класик“ на Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс” која изгоре во трагедијата во Кочани. На снимките кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како граѓаните бесни извикуваат и со камења гаѓаат кон излогот на објектот кој е целосно разрушен.
Дел од граѓаните се влезени внатре и го демолираат ентериерот. На снимката може да се видат и полициски службеници.