Градоначалникот Сиљаноски заедно со претставници на Општина Дебрца оствари средба со соработниците од покраината Тирол (Р. Австрија), Петер Лотар и Јоханес Пап

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Недела – работен ден
Денес, заедно со претставници на Општина Дебрца остваривме значајна работна средба со соработниците од покраината Тирол (Р. Австрија), г-дин Петер Лотар и г-дин Јоханес Пап. Со особено задоволство ја примивме нивната вредна донација – противпожарно возило што значително ќе го засили капацитетот на општината и волонтерската противпожарна служба во справување со пожари и кризнични ситуации.
Заедно со командирот Борко Јанкулоски, главниот двигател и покровител на овој важен проект, разговаравме за продлабочување на меѓусебната соработка, како и за развој на нови иницијативи во областа на заштитата и спасувањето, волонтерството и модернизацијата на опремата.
Од страна на Општина Дебрца упативме искрена благодарност и надеж за натамошна поддршка и партнерство, кои директно придонесуваат за поголема безбедност и подобар квалитет на услугите за нашите граѓани. Средбата помина во конструктивна и пријателска атмосфера, со јасна заедничка заложба за понатамошно унапредување на соработката.
Дополнително, со задоволство информирам дека е договорено Општина Дебрца да добие уште две противпожарни возила. Со тоа, нашата општина ќе располага со вкупно три противпожарни возила – сериозен чекор напред во изградбата на побезбедна и поопремена општина.
Продолжуваме посветено, секој ден – за доброто на Дебрца.
Share This Article