Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 1 Мај , Денот на трудот.
„Денес го славиме достоинството на трудот, посветеноста на работниците и сите оние кои со своeто знаење и работа го движат општеството напред.
Нека овој ден биде потсетник за вредноста на праведните услови за работа, заштитата на работничките права и важноста на солидарноста.
Честит 1. Мај – Меѓународен ден на трудот! Имајте пријатни празнични мигови!“ се вели во честитката.