Background

Градоначалникот на Њујорк го осуди нападот врз Венецуела

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Мамдани, кој пред три дена го почна градоначалничкиот мандат, рече дека бил информиран за операцијата, како и за „планираното затворање на Мадуро во федерален притвор тука во Њујорк“.

- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, ја нарече операцијата на САД во која беше заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро „чин на војна“ и кршење на меѓународното и федералното право, пишува Си-Ен-Ен.

Мадуро и неговата сопруга, кои беа заробени преку ноќ во Каракас, се транспортираат во САД и се очекува авторитарниот лидер да биде задржан во федерален притвор во Њујорк, каде што се соочува со федерално обвинение.

Мамдани, кој пред три дена го почна градоначалничкиот мандат, рече дека бил информиран за операцијата, како и за „планираното затворање на Мадуро во федерален притвор тука во Њујорк“.

„Едностраниот напад врз суверена нација е чин на војна и кршење на федералното и меѓународното право. Оваа очигледна потрага по промена на режимот не влијае само на оние во странство, туку директно влијае и на жителите на Њујорк, вклучително и на десетици илјади Венецуелци кои го нарекуваат овој град свој дом“, вели Мамдани.

Тој додава дека неговиот фокус ќе биде нивната безбедност, како и на секој жител на Њујорк, а вели и дека градската администрација ќе продолжи да ја следи ситуацијата и да издава релевантни упатства.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде што ќе се соочи со сериозни обвиненија за „наркотероризам“, а објави и фотографија на која венецуелскиот претседател е во американски притвор.Главната обвинителка на Соединетите Американски Држави (САД), Пам Бонди денеска соопшти дека Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се обвинети за повеќе кривични дела поврзани со дрога и оружје.

САД поднесоа обвинение против заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, во кое сега е вклучена и неговата сопруга Силија Флорес и синот.

Во обвинението поднесено во федералниот суд во Њујорк, се вели дека повеќе од 25 години, лидерите на Венецуела „ги злоупотребуваа своите позиции на јавна доверба и ги корумпираа некогаш легитимните институции за да увезат тони кокаин во САД“.

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција рече дека САД ќе ја водат Венецуела се додека не се направи „разумна транзиција на власта“, но не даде временска рамка за тоа колку долго би можела да трае таквата транзиција.

Тој заедно со државниот секретар Марко Рубио и претседателот на Здружениот генералштаб, генерал Ден Кејн, изнесоа детални информации за големата американска воена операција во која преку ноќ беше заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation