Градоначалникот и кандидат откри дел од програмата, како што вели, направена со граѓаните

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Една од најголемите иницијативи на граѓаните е Хотелот Битола и негово адаптирање во Дом за стари лица. Така ќе овозможиме достоинствен живот за нашите највозрасни сограѓани, со топол дом, грижа и внимание што го заслужуваат“.

Вака вели актуелниот градоначалник на Битола Тони Коњановски во промотивно видео од изборната програма. Барајќи ја поддшрката за нов мандат од битолчани, Коњановски вели дека секој голем проект почнува од гласот на граѓаните.

– Токму затоа, заедно размислуваме, пишуваме и работиме на идеи што го прават секојдневието подобро. Граѓаните предлагаат секое дете од 1 до 3 одделение да добие бесплатен оброк. Исто така, како приоритетни барања, нашите сограѓани сметаат дека треба да се обезбедат ученички униформи за учениците од 1 до 5 одделение, да се организираат летни кампови за децата од социјално загрозени семејства, да се зголемат капацитетите на градинките, за да има место и грижа за секое дете, да продолжи акцијата за отстранување на дивите објекти и гаражи, особено во Нова Битола, и многу други – вели актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на претстојните избори на 19 октомври.

Според Коњановски вистински избор се проекти создадени од граѓаните, за граѓаните, заеднички труд и идеи што стануваат реални проекти.

– Вистински избор е заедничкиот труд – кога гласот на граѓаните станува проект што го менува секојдневието – заклучува градоначалникот на Битола.

Share This Article