Градоначалничката на Скопје и дел од тимот на Град Скопје попладнево биле физички нападнати во општина Чаир, при службена посета поврзана со нелегален објект.
Арсовска, заедно со неколкумина вработени од градската администрација, моментално се наоѓа во Ургентниот центар при болницата „8 Септември“, каде им се укажува лекарска помош поради здобиени телесни повреди.
Во моментов не е потврдено каков е степенот на повредите, односно дали станува збор за полесни или потешки телесни повреди.