Градежните компании во јуни добиле одобренија за градење на вкупно 260 станови во земјава, покажуваат податоците на Државниот завоз за статистика.
Со нивната изградба ќе се добие дкупно корисна површина за станување од 25.680 м2.
Најмногу од становите 98 ќе се градат во Скопје. Следуваат Полошкиот регион каде што ќе се градат 73 станови и Југозападниот регион со 52 стана.
И ово месец најмногу одобренија 120 се дадени за изградба на згради, деловни објекти и куќи, 56 одобренија се за реконструкции, додека само 37 одобренија се за објекти во нискоградба- улици, патишта, цевоводи, водови и електрични водови.
Вкупно се издадени 213 одобренија за градење, или за 15,1% повеќе од истиот месец лани.
Предвидената вредност на објектите што ќе се градат изнесува 4,85 милијарди денари.
Од вкупно 213 објекти, на 110 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 103 објекти инвеститори се деловни субјекти.