Background

Градежништвото бележи пораст од 9%, услугите по транспорт за 6,1%

„Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во градежништвото од 9 %, а растот на услуги по транспорт е 6,1 % и тоа е далеку над растот кој го има државата“.

Вака објасни вицепремиерот Николоски во интервјуто на „Топ Тема“.

Николоски истакна дека крупните капитални проекти се реализираат со одлична динамика, а фокусот во следниот период треба да се стави на малите и средни градежни фирми. Директната помош на Владата кон општините изнесува преку 500 милиони евра.

- Advertisement -
Ad image

– За да потикнеме еконoмски развој таков како што сакаме, почнавме на подржување на општините. Тоа со децении се зборуваше и еве сега се подржуваат. Средствата се дел од Светска банка, дел од буџет, лани 100 милиони евра, оваа 250 милиони евра подршка. Ако на тоа додадеме програми на неколку други министерства стигнуваме до 500 милиони евра – вели Николоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт потенцира дека Владата се соочува со проблем каде градежните фирми не можат да ја следат бројноста и динамиката на проектите што ги нуди Владата.

– И сега се соочуваме со ситуација дека тие проекти не можат да се реализираат бидејќи изведувачите што ги добиле тие проекти не работат согласно темпото во договорот. Ние за првпат имаме ситуација да имаме пари, а фирмиве да не ја следат амбицијата на Владата. И прифаќам објективен одговор од компаниите дека децении наназад градежниот сектор бил запоставен и дека не можат да растат повеќе од 15 до 20% годишно. Тоа што не го прифаќам е како се нафаќаат за работа којашто не можат да ја испорачаат – вели вицепремиерот Николоски.

Тој истакна дека континуирано се води дијалог меѓу Стопанските комори и Владата со цел да се постигне баланс и да се надмине оваа состојба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation