Град Скопје веќе не е лидер во јавни набавки

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лани 80-те  општини и Градот Скопје потрошиле 190 милиони евра на јавни набавки. При тоа  склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки. Најголем скок во вредноста на тендерите имаат скопските општини Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода. Град Скопје за прв пат го загуби приматот и со годишен пад на вредноста на тендерите од 11,5 милиони евра, се наоѓа на шестото место.

Ова го покажува најновото изтражување на Центарот за граѓански комунијации.

Истражувањето покажува и дека лани вредноста на општинските тендери пораснала за 16%, односно за 26 милиони евра. Општините на тендери просечно трошат  по 28 % од своите буџети.

Најголемо зголемување на вредноста на јавните набавки во 2024 година има кај Општина Гази Баба и тоа околу 5,7 милиони евра. Веднаш по неа е Општина Аеродром со годишно зголемување од 5,4 милиони евра, па Општина Кисела Вода со 4,9 милиони евра.

Следуваат општините Битола, Ѓорче Петров и Штип со зголемена вредност на јавните набавки за околу 3 милиони евра, па Струмица со 2,8, Велес со 2,2 милиони евра и Охрид со 2 милиони евра.

Околу милион и пол евра зголемена вредност на јавните набавки имаат општините Кавадарци, Илинден и Арачиново. Општините Крива Паланка и Виница имаат зголемување од околу милион евра, додека кај останатите 38 општини, вредноста на јавните набавки во 2024 година е зголемена за помалку од милион евра.

Спротивно на трендот вредоста на  јавнит набавки на Град Скопје лани е намалена за 2,5 пати, одосно за 11,5 милиони евра.

Намалување на вредноста на имаат и општините Центар, со пад од 2,2 милиони евра, потоа Радовиш, со намалување од 2 милиони евра, Тетово со 1,5 и Општина Карпош, со пад од околу милион евра.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, вредноста на јавните набавки на скопските општини и Градот Скопје во 2024 изнесува 30 % од вкупните набавки на сите 80 единици на локална самоуправа и Градот Скопје.

Најмногу од општините на јавните набавкипотрошиле по повеќе од 2 милиони , вкупно 29 општини, помеѓу еден и два милиони евра вредни јавни набавки имаат 21 општина, следни се 18 општина со вредност на јавните набавки помеѓу половина и еден милион евра, потоа 12 општини имаат договори за јавни набавки во вредност од 200.000 до 500.000 евра.

Вредноста на јавни набавки по жител изнесува од 14 до 675 евра, најмногу потрошил Дојран, 675 евра, а најмала Градот Скопје, само 14 евра.

- Advertisement -
Ad image

Општините склучиле договори за јавни набавки со 1.210 фирми. Дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми.

На врвот според вкупната вредност на договорите е ЕДС (Енерџи деливери солушнс) со вредност на договорите од  околу 8 милиони евра.Оваа компанија во последните две години има склучено 42 договори со 38 општини и Градот Скопје.

На второ место е компанијата „Фабрика Карпош“ од  Скопје со склучени 10 договори во вредност од околу 5,9 милиони евра. Станува збор за договори склучени за санација на улици, изградба на фискултурна сала, детска градинка и сл.

На трето место е „Џовани компани“ од  Ново Село. Со оваа фирма општините склучиле вкупно 10 договори во вредност од  5,5 милиони евра. Седум од договорите се со Општина Босилово и три со Општина Струмица.

Кај дури 13 општини една фирма има удел во набавките на општината повеќе од 50 %.

Локалните самоуправи кај кои само една фирма има добиено половина од вкупните набавки на  општината за 2024 година се: Желино Дојран, Врапчиште, Струмица, Бутел, Крушево, Старо Нагоричане, Зелениково, Липково, Могила, Арачиново, Босилово и Виница.

Share This Article