Голем дел од територијата на Македонија е под многу висок ризик од пожари, покажува една од трите мапи кои ги објави Центарот за управување со кризи. Во моментот се детектирани само две горливи жаришта во околината на селото Николиќ кај Дојран, велат од ЦУК, посочувајќи дека точките се детектирани преку сателитски сензори (MODIS и VIIRS) .
Централниот дел на државата и околината на Куманово имаат многу висок ризик од пожари(означен со црвено), додека само западните делови имаат висок(со портокалово) и среден ризик(со жолто), покажува мапата која го мери Метеоролошкиот индекс на опасност од пожар. Опасноста е на ниско ниво (со зелено) само во подрачката околу планината Шара и други помалку загрозени региони.

На друга мапа е прикажано колку е сува вегетацијата. Овој индекс се мери преку сателити од Системот на НАСА за
информации за пожари за управување со ресурси (NASA FIRMS).

Повисоките планински предели во Македонијас имаат висока сувост на вегетација(прикажана со црвено), што, велат од ЦУК, укажува на ранливост и потенцијал за појава на пожари. Мапата прикажува дека голем дел предели се средно суви(прикажано со жолто), додека во пониските предели со ниска сувост на вегетацијата, ризикот од пожар е помал.