Страшен инцидент се случил во Есен, Германија, кога девојка (19) била видена како виси од прозорец без облека додека барала помош откако тврдела дека била силувана, пренесува германскиот весник Билд.
Таа висела гола од прозорецот и викала – „Помош, ме силуваат“.
Таа во еден момент паднала од прозорецот, но за среќа наишла на маж кој ја фатил, што ја спречило да се здобие со тешки повреди. Сведок за германски весник изјавил дека во последен момент посегнал под прозорецот за да ја фати.
– Отпрвин ништо не помислив на тоа, но кога го спуштив прозорецот од автомобилот ја слушнав како вика: „Ми треба помош, ме силуваат, ќе умрам денес! Веднаш излегов и се обидов да помогнам. Таа се држеше за врвот на прозорецот. Јас и друг маж ја фативме додека паѓаше од првиот кат. Потоа, веднаш повикав полиција – раскажува сведокот Исмаил Хабах.
Итната помош потоа се грижела за младата жена.
Полицијата во Есен го потврди инцидентот на прашање на DER WESTEN. Портпаролот објасни дека 19-годишната девојка од Гелзенкирхен во станот се сретнала со 26-годишна жена од Хатинген и маж (35) од Гелзенкирхен. Тогаш таму се случувале сексуални дејствија.
Како дошло до средбата и дали тројцата претходно се познавале сега е предмет на истрага. Полицајците обезбедиле докази во станот таа вечер и сега истражуваат поради сомневање за сексуален прекршок.