По исцрпувачките мечеви и полуфиналето на Вимблдон, најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ реши да направи подолга пауза од спортските обврски.
По неколкудневниот престој во Црна Гора и во Хрватска, тој бил забележан како се одмора на грчкиот остров Миконос, далеку од тениската врева.
Сè уште е нејасно дали Ѓоковиќ ќе настапи пред почетокот на САД Опен. Познато е дека веќе го прескокна мастерсот во Торонто, а иако кружат шпекулации дека би можел да заигра во Синсинати, засега нема официјална потврда за неговото учество.