Црниот џемпер, фармерките и парфемот на покојната принцеза Дајана биле тајното оружје на Меган Маркл кога првпат се сретнала со принцот Хари, пренесува Стил.
На роденденот на принцот Хари, кој денес полни 41 година, се врати уште една сцена од љубовната приказна која ја плени јавноста. Според кралската биографка Анџела Левин, Меган се прснала со еден од омилените парфеми на Дијана токму на првиот состанок, со надеж дека ќе го поврзе со најемотивната фигура во неговиот живот.
– Кога првпат се сретнаа, таа користеше парфем кој му го потсетуваше на мајка му. Тоа силно го погоди – изјави Левин.
Иако првиот состанок траел кратко, Хари бил фасциниран. Во својот дневник именуван „Резерва“ војводата напишал дека нема поим за мода, но дека сепак сфатил дека Меган има стил, и дека што и таа да облече, изгледа беспрекорно. Меган носела црн џемпер, фармерки и штикли.
„Доцнеше 30 минути поради сообраќајот и не можеше да остане долго затоа што веќе имаше други планови“, пишувал Хари за нивната средба во лондонскиот клуб „Soho House“.
Нивната врска која почнала преку Инстаграм, денес е тема на документарци, книги и дебати, а најновите откритија само дополнително ја распалуваат љубопитноста за нивниот приватен свет.