Црниот дроб се смета за еден од најважните органи во телото бидејќи ги филтрира токсините, го регулира метаболизмот и игра клучна улога во одржувањето на здравјето на целото тело.
Иако алкохолот често се наведува како главен непријател на овој орган, всушност, бројните секојдневни навики придонесуваат за неговото оптоварување, а со текот на времето можат да доведат до замастен црн дроб, пишува Elle.si, а го објавува nova.rs.
Сепак, постои едно едноставно, а пред сè, вкусно решение – свежо (младо) сирење.
Нутриционистката Нурија Дијанова истакнува дека младото сирење е една од најдобрите намирници за заштита на црниот дроб. Содржи важна аминокиселина метионин, која помага во разградувањето и отстранувањето на вишокот маснотии од клетките на црниот дроб. Овој природен процес го поддржува целокупното здравје и придонесува за подобро функционирање на метаболизмот.
„Метионинот, кој се наоѓа во младото сирење, е од клучно значење за здравјето на црниот дроб. Помага кај разни болести, а особено во спречувањето на акумулација на маснотии“, објаснува Дијанова.
За терапевтски ефект, нутриционистката советува консумирање најмалку 50 грама младо сирење дневно. За мажите, препорачаната количина може да биде малку поголема, во зависност од телесната тежина. Сирењето лесно може да се вклучи во секој оброк: 50 г наутро, до 100 г со ручек и иста количина за вечера.
Црниот дроб не боли, па затоа често го занемаруваме. Сепак, без негово правилно функционирање, нема добра општа состојба, хормонална рамнотежа или здраво варење. Затоа, треба да се поддржи пред да се појават проблеми.



























