Background

Гинеколозите ги изнесоа ризиците од изложеноста на тутунски чад и никотин во бременоста

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Здружението на матични гинеколози денеска преку соопштение ја изразува својата силна и недвосмислена поддршка на предлог-законот за заштита од пушењето, со кој се предвидува целосна забрана за употреба на цигари и сите видови никотински производи во затворени простории, вклучително и електронски цигари и уреди за загревање тутун.

- Advertisement -
Ad image

– Како здравствени работници кои секојдневно работат со жени во репродуктивен период, бремени жени, родилки и парови кои се соочуваат со проблеми со плодноста, сметаме дека ваквата законска регулатива е неопходна, оправдана и во согласност со современите медицински докази. Научните податоци јасно укажуваат дека не постои безбедно ниво на изложеност на тутунски чад или аеросоли од никотински производи. Пасивното пушење претставува сериозен ризик по здравјето и е поврзано со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и со зголемен ризик од малигни болести. Според Светската здравствена организација, повеќе од 1,3 милиони луѓе годишно во светот умираат како последица на пасивна изложеност на тутунски чад, при што најранливи категории се жените и децата – се наведува во соопштението.

Според Здружението, од аспект на репродуктивното здравје, изложеноста на никотин и тутунски токсини има докажано негативно влијание врз плодноста и кај жените и кај мажите. Кај жените, пушењето и пасивното пушење се поврзани со нарушена овулација, намалена резерва на јајце-клетки, хормонски дисбаланс и зголемен ризик од неплодност. Кај мажите, бројни клинички и епидемиолошки студии потврдуваат намален број на сперматозоиди, намалена подвижност и нарушена морфологија на спермата, како и зголемено оштетување на ДНК на сперматозоидите, што директно ја намалува можноста за зачнување и го зголемува ризикот од репродуктивни компликации.

Оттаму наведуваат дека за време на бременоста, изложеноста на тутунски чад и никотин е поврзана со зголемен ризик од предвремено породување, ниска родилна тежина, интраутерина ретардација на растот и зголемена перинатална морбидитет и морталитет.

– Никотинот и другите штетни супстанции лесно ја преминуваат плацентата и имаат директно негативно влијание врз развојот на плодот. Дополнително, изложеноста на новороденчиња и мали деца на чад и аеросоли од никотински производи е поврзана со почеста појава на астма, респираторни инфекции, воспаленија на средното уво и зголемен ризик од синдром на ненадејна смрт кај доенчиња. Посебно загрижува фактот што одредени никотински производи, како електронските цигари и уредите за загревање тутун, често се претставуваат како побезбедна алтернатива. Современите научни истражувања укажуваат дека и овие производи ослободуваат никотин, ултрафини честички и хемиски соединенија со потенцијално штетно дејство врз респираторниот, кардиоваскуларниот и репродуктивниот систем, а нивната пасивна употреба во затворени простории претставува реален здравствен ризик – се наведува во соопштението.

Здружението на матични гинеколози нагласува дека целосната, недискриминаторска забрана за употреба на сите форми на пушење и никотински производи во затворени простории е клучна мерка за заштита на јавното и репродуктивното здравје.

– Здравјето на жените, мажите, децата и идните генерации мора да има апсолутен приоритет. Ги охрабруваме надлежните институции да го усвојат и доследно да го спроведуваат предлог-законот без исклучоци, а јавноста да ја препознае оваа мерка како инвестиција во здравјето, плодноста и иднината на нашето општество – се додава во соопштението од Здружението на матични гинеколози.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation