Обвинителството во Берлин обвини 40-годишен лекар за палијативна нега, кој веќе бил во притвор, за убиство на 15 пациенти, изјави портпаролот на обвинителството. Според надлежните, обвинетиот без нивно знаење на жртвите им давал анестетик и мускулен релаксант, што потоа предизвикало нивна смрт, јавуваат странските новински агенции.
Според обвинителството, мускулниот релаксант „ги парализирал респираторните мускули кај пациентите, предизвикувајќи прекин на дишењето и смрт за неколку минути“. Обвинетиот, наводно, ги извршил делата во периодот од септември 2021 година до август минатата година.
Жртвите, кои биле на возраст меѓу 25 и 94 години во моментот кога тој наводно ги убил, не биле на работ на смртта. Во пет случаи, тој, наводно, ги запалил и нивните домови за да ги прикрие убиствата. Во едно од точките, тој е обвинет дека убил двајца пациенти во еден ден.
Лекарот е во притвор од август минатата година. Во тоа време, органите на редот го сомничија за убиство на четворица пациенти на возраст од 72 до 94 години, но истрагата подоцна откри дека има повеќе жртви. Инспекторите не ја исклучуваат можноста бројот да се зголемува додека трае истрагата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖