Топ Вести - Слушај сега
Полицискиот синдикат во Берлин упати нов апел до политичките лидери за итна забрана на употребата на огномет и пиротехнички средства од страна на приватни лица за време на новогодишната ноќ, откако празничните прослави повторно беа засенети од смртни случаи и тешки повреди, пренесува агенцијата ДПА.
– Потребна ни е забрана на пиротехниката за лична употреба – изјави портпаролот на синдикатот, Бенјамин Јендро, предупредувајќи дека доколку не се сменат прописите, истата ситуација ќе се повтори и следната година.
Во Германија употребата на огномет во приватна сопственост е легална со одредени ограничувања, но секоја година резултира со трагични последици. За време на пречекот на 2026 година, двајца млади луѓе загинаа во градот Билефелд, додека низ целата земја беа регистрирани безброј повреди. Во Берлин е забележан особено тежок инцидент каде дете ја изгубило раката по експлозија на моќна петарда.
Јендро истакна дека и покрај оценките на полицијата дека прославата поминала помирно во споредба со претходните години, нивото на агресија врз припадниците на безбедносните служби и бројот на повреди остануваат неприфатливи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖