Background

Германија одамна е една од главните дестинации за македонските граѓани кои заминуваат во потрага по подобри услови за живот и работ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Германија одамна е една од главните дестинации за македонските граѓани кои заминуваат во потрага по подобри услови за живот и работа. Според најновите официјални податоци од Централниот регистар на странци (AZR), во оваа европска земја живеат 161.044 македонски државјани, со што Македонија се најде меѓу 25-те земји со најбројна дијаспора во Германија.

- Advertisement -
Ad image

Во земја во која живеат повеќе од 14 милиони странци, Македонците се позиционирани на 22. место, веднаш зад Кина и Иран, а пред Виетнам. Бројките ја потврдуваат долгогодишната миграција од Македонија, но и стабилното присуство на македонската заедница на германскиот пазар на труд.

Украинците се доближуваат до Турците

На врвот на листата и натаму се турските државјани, со околу 1,52 милиони луѓе, но нивната доминација е сериозно загрозена. Украинците, поради војната што започна во февруари 2022 година, доживеаја драматичен пораст и веќе се над 1,4 милиони, што ги прави втора најголема група странци во Германија.

За споредба, на крајот од 2020 година во Германија живееле само околу 135 илјади Украинци – бројка што за неполни пет години се зголеми повеќекратно, пишува германски Фокус.

Силно присуство на Балканот – каде се Македонците?

Земјите од Балканот традиционално имаат силно присуство во Германија. Во таа група, Македонците се дел од поширок регионален бран на работна миграција, заедно со граѓани од Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Грција.

Најмногубројни од регионот се:

Бугарија – 422.787 лица

Хрватска – 414.555

Грција – 347.486

Косово – 322.571

Србија – 262.479

Босна и Херцеговина – 246.724

Македонија – 161.044 лица

Сепак, експертите предупредуваат дека бројот на Македонци реално е и поголем. Дел од македонските иселеници, поради економски причини, во минатото земале бугарско државјанство, па статистички се водат како Бугари, иако потекнуваат од Македонија.

Секој шести жител во Германија е странец

Според официјалните бројки, во Германија живеат 14.077.867 странци, што претставува 16,8 проценти од вкупното население. Но ако се земат предвид и лицата со мигрантско потекло – деца на странци родени во Германија, натурализирани лица и доцни имигранти – бројката расте на 25,2 милиони луѓе, или повеќе од 30 проценти од населението.

Илјадници со обврска да ја напуштат земјата

И покрај високото ниво на интеграција, околу 230 илјади странци во Германија формално се должни да ја напуштат земјата. Најголем дел од нив, околу 190 илјади, имаат статус „Duldung“ – привремено толериран престој, додека околу 40 илјади лица немаат никаков легален статус.

Најмногу вакви случаи има кај државјани на Турција, Авганистан и Сирија, земји од кои потекнуваат и најголем дел од барателите на азил.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation