Герасимовски најави нов партер кај Зелено пазарче

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во текот на ноември ќе се одржат буџетските форуми на општината, на кои граѓаните се добредојдени да дадат што поголем број идеи и предлози за развој на општината, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Тој денеска се сретна со раководителите на секторите во општината во врска со проектите што е предвидено да се реализираат во наредните 4 години.

– Буџетските форуми поминаа одлично, со голема посетеност и заинтересираност од страна на жителите. Ноември месец е токму за нив. Добредојдени се граѓаните да ни дадат што поголем број на предлози и идеи за да ги ставиме во новата програма и ги преточиме во буџетот – повика Герасимовски.

Тој истакна дека завршена е постапката за уредите за мерење на бучава.

– Предлагам што поскоро да се постават. Ако можеме уште оваа недела да се постават на 30 локации. Да видиме кои се оние ударни локации кадешто граѓаните најмногу се жалат за бучава во ноќните часови и да се постават според бројот на пријави и поплаки од жителите  – вели Герасимовски.

На состанокот вработените во општината, тие разговараа и за хортикултурното и партерно уредување на плочникот кај Зелен пазар. Тој, потенцираше дека на оваа локација ќе нема улица, туку ќе се реконструира кошаркарското и детското игралиште и ќе има ново зеленило. Герасимовски потенцира дека тоа ветувањето мора да се заврши до мај.

Во врска хигиената, Герасимовски порача дека хигиеничарите се секојдневно на терен и ќе преземат сè што треба за да нема смет по улиците.

– Градот има ветувања дека ќе се расчиси сметот, но ние нема да го чекаме Градот, како и досега си продолжуваме. Имавме доста проблеми викендов што не се чистеа подземните контејнери, па тие работеа и сабота и недела. Но, Центар мора да биде чист, нема да го чекаме Градот, туку сами ќе се превземаме сè што треба за да немаме смет по улиците – додаде Герасимовски.

Share This Article