Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, а тоа Северна Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Северна Македонија засега е само кандидат, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот Парламент, од кој со амандмани беа избришани термините македонскиот јазик и идентитет, а по што премиерот Хритијан Мицкоски рече дека Бугарија има јасна цел да ја унништи македонската нација.
– Премиерот Христијан Мицкоски очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка од сугестии кои се неплодни. Успеавме да спречиме Европскиот Парламент да биде искористен за домашна политичка пропаганда на Мицкоски – рече Георгиев.
Мицкоски спроведува кризен пи-ар, веројатно за да се оправда пред сопствените граѓани затоа што ги излажал, додаде тој.
– Верувам дека граѓаните на РСМ, кои го заслужуваат своето членство во ЕУ и заслужуваат лидери кои можат да ги водат кон тоа, можат да разликуваат што е реално на патот на европската интеграција, а што ги оддалечува од неа – рече Георгиев во разговор за бТВ.
Тој рече дека спорот за историјата им бил оставен на историчарите кога бил потпишан Договорот за пријателство и добрососедство.
– А темите поврзани со јазикот и идентитетот треба да ѝ припаѓаат на научната заедница. Имаме заедничка историја и ова не треба да биде присвојувано од никого – рече бугарскиот министер.