Генсекот на НАТО држи до пофалбите на Трамп

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека стои зад своите пофалби за американскиот претседател Доналд Трамп за она што го нарече „одлучувачка акција во Иран“.

Коментирајќи ги извештаите на некои западни медиуми во кои се вели дека американскиот напад на Иран бил го одложил формирањето нуклеарна програма за само неколку месеци

што го доведуваат во прашање вистинското влијание на нападите.

Руте вчера испрати честитки до претседателот Трамп, кои американскиот претседател подоцна ги објави на социјалните мрежи, нарекувајќи го нападот на САД врз Иран „навистина извонреден“.

Утрово, 25 јуни, на самитот на НАТО во Холандија, Руте повтори дека не се откажува од таа проценка.

– Четиринаесет огромни бомби фрлени врз нуклеарен објект во Иран, верувам дека тоа беше клучно за да се направи сè што е можно за да се уништи нуклеарниот капацитет на Иран, до којшто, според НАТО, таа земја никогаш не требаше да има пристап – им рече Руте на новинарите.

Зборувајќи за плановите за зголемување на трошоците за одбрана на земјите во НАТО, генсекот рече дека е чесно сојузниците да трошат за одбраната, исто колку и САД.

– Тоа секако не е лесно. Земјите мора да најдат пари. Потребни се политички одлуки и целосно го разбирам тоа. Но, во исто време имам апсолутно убедување дека со моите колеги на масата, со заканата од Русија и со актуелната меѓународна безбедносна ситуација, немаме алтернатива и мораме да го направиме тоа.

Share This Article