ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО ОХРИД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа изминатиот викенд во Охрид.

Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“.  Во теренските активности  беше опфатен потегот од плажата после хотел„Метропол“ до нас.Лагадин каде чистеа вработените од Шпаркасе Банка. На потегот од Грашница до подрачното училиште „Св. Климент Охридски“, чистеа вработените од „Костал Македонија“. Училишниот спортски клуб „Волеј“ чистеше на просторот околу Горна Порта, на потегот од каналот на Билјанини Извори до плажа Горица чистеа учениците од ОСУ „Св.Климент Охридки“, РЦСО„Ванчо Питошески“ И СОСУ „Св.Кирил и  Методиј“ како и Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“. Во акцијата учествуваа и дел од основните училишта со чистење на дворните места. Учениците од ООУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани ја чистеа и плажата во селото. Вработените на Централна Кооперативна Банка засадија 10 садници од брези во дворното место на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Еколошката акција беше организирана од компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и „НУЛА отпад“.

Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.

 

 

 

Share This Article