Топ Вести - Слушај сега
По неколку месеци санкции наметнати од американската администрација и преговори за идната структура на сопственост, рускиот удел во Српската нафтена индустрија беше продаден денеска, објави Политика. Со тоа – НИС има нов мнозински сопственик.
Како што објави Политика, рускиот удел во НИС од 56,15 проценти е продаден на унгарски МОЛ, дел од сопственоста ќе им припадне и на ОАЕ, а Србија исто така ќе го зголеми својот удел.
– Унгарската компанија МОЛ и рускиот Газпром се согласија за основните одредби од идниот договор за купопродажба на НИС, што ќе биде испратен до американскиот OFAC за одлука, а Србија успеа да го зголеми својот удел во преговорите за пет проценти – изјави денеска српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.
Кога станува збор за партнери од Обединетите Арапски Емирати, како што рече таа, се очекува и тие да бидат дел од идниот договор за купопродажба.
– Исто така е важно што Србија успеа да ја подобри својата позиција во овие преговори, во споредба со 2008 година кога останавме под 30 проценти сопственост, а тоа е да го зголемиме нашето сопствеништво во Нафтената индустрија на Србија за пет проценти во иднина и да достигнеме број на акции што ќе ни овозможат поголеми права за донесување одлуки во Собранието на акционери, а пред сè да ги заштитиме интересите на нашите граѓани – рече министерката.
Tagged as:
15% од акциите на НИС Газпром му продаде на МОЛ 56
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
