Топ Вести - Слушај сега
Еве, помина една година од таа трагична ноќ во која настрадаа бројни млади македонски чеда. Времето продолжи да тече, деновите станаа бестрајни месеци, а месеците исполнија веќе и цела година. Солзите што протекоа, течат без престан и станаа секојдневие за сите мајки и татковци, за многу роднини и пријатели, станаа бол за овој крај и за сиот наш народ. А солзите дури и да престанат, тагата не исчезнува, таа останува длабоко во срцата на најблиските, рече Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, откако денеска заврши светата архиерејска литургија и општиот парастос за упокоените во трагедијата во Кочани во црквата „Св. великомаченик Георгиј“.
-И светата Црква сочувствува и ја разбира таквата тага. И овој пат се уверивме колку смртта е трагична, особено кога од овој свет ненадејно и трагично заминуваат млади луѓе. Па и пресвета Богородица како мајка ја исполнувале такви чувства и таква тага кога ги гледала настаните на Голгота – потсети во своето обраќање архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.
Тој додаде дека прерано заминатите деца, браќа, сестри, внуци, роднини, пријатели засекогаш ќе ни недостасуваат и тоа чувство е природно.
-Но покрај нашата тага треба да се надеваме дека оние што починале во Христа ќе бидат вечно со него. А, додека дојде тој ден, Црквата заедно со најблиските на покојните молитвено ќе се сеќава на своите упокоени чеда, и во секоја молитвена прилика ќе си спомнува за нив. И затоа, денеска исполнети со неизмерна тага, стоејќи со силна вера, да се помолиме Господ да им дарува покој во место светло, во место мирно, во место за одмор, каде што нема ни болка, ни тага ни воздишка, туку живот бесконечен. Нека им е вечен споменот – рече г. г. Стефан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
