Фудбалскиот клуб Тиквеш на социјалните мрежи објави дека го повлекува дресот со број 16 со кој во клубот настапуваше Андреј Лазаров, беше една од жртвите во трагедијата во Кочани.
Лазаров во минатото помина неколку сезони во клубот од Кавадарци. Тие решија на овој начин да му оддадат посебна чест.
„Во чест и знак на благодарност за АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со број кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клубските простории за негов вечен спомен.
Ангелите живеат вечно,
Збогум Андреј“, објави Тиквеш.
Лазаров кој имаше 25 години беше член на Шкупи каде што летово се врати во македонскиот фудбал од хрватска Горица. На плоштадот во Кавадарци во текот на вчерашниот ден беше отворена и книга на жалост.
Шкупи го откажа вчерашниот тренинг поради тагата во тимот за загубата на нивниот соиграч.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
