Фудбалерот на мадридски Реал, Килијан Мбапе, е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис, објави денеска шпанскиот клуб, откако францускиот репрезентативец го пропушти првиот натпревар од Светското клупско првенство против Ал Хилал.
Дваесетишестгодишниот Мбапе го пропушти тренингот во вторникот поради висока температура, а потоа не настапи ниту на вчерашниот натпреварот што заврши без победник – 1:1 против саудискиот претставник.
Во соопштението за медиумите на Реал Мадрид се наведува дека Мбапе е „хоспитализиран поради акутен гастроентеритис“ и дека е подложен на „серија тестови“.
Гастроентеритис е инфекција на дигестивниот систем што може да предизвика повраќање и дијареја.
Нема информации дали Мбапе ќе биде подготвен за следниот натпревар против Пачука, кој е закажан за в недела од 21 часот.
Tagged as:
е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис Килијан Мбапе Фудбалерот на мадридски Реал
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖