Вчера полицијата го уапси И.А. (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.
Како што е соопштено, тој на 6 јули фрлал со камења по полициски хеликоптер кој се обидувал да наполни вода на реката Лепенец.
„Додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде што реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете, по што од лица кои биле присутни на местото на настанот биле известени дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот Белл 412 и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните“, стои во соопштението.