Француското обвинителство побара 7-годишна затворска казна и парична казна од 300.000 евра за поранешниот претседател на Франција Никола Саркози, кој е обвинет за незаконско финансирање на кампањата од режимот на поранешниот либиски владетел Моамер Гадафи.
На Саркози му се суди од јануари, под обвинение за прикривање проневера на јавни средства, пасивна корупција, незаконско финансирање кампања и за криминален заговор за извршување кривично дело.
Обвинителот Себастиен де Ла Туан ги опиша обвиненијата против Саркози и другите 12 обвинети како „корупција од висок интензитет“.
Де Ла Туан рече дека Саркози склучил „фаустовски пакт за корупција со еден од најомразените диктатори во последните 30 години“.
Обвинителите побараа и 5-годишна забрана за политичка активност и користење на одредени привилегии.
Надвор од судницата, адвокатите на Саркози им рекоа на новинарите дека бараните казни се строги и неосновани и дека тој е невин.
„Ќе продолжам да се борам сантиметар по сантиметар за вистината и да верувам во мудроста на судот“, објави Саркози на Фејсбук, додавајќи дека случајот е политички мотивиран.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
