Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Генералното собрание на Обединетите нации објави дека Франција ја признава Државата Палестина.
Тој ја соопшти одлуката на отворањето на Конференцијата за мирно решавање на палестинското прашање и примената на концептот за две држави.
– Доаѓа моментот да го запреме насилството. Доаѓа моментот за мир. Ангажманот кон мирот е единствениот пат кон спасение – изјави Макрон.
Францускиот претседател истакна дека ова признавање отвора пат за мирно решавање на конфликтот на Блискиот Исток.
Макрон повика на преодна администрација во Газа, во која ќе биде вклучена Палестинската самоуправа. Предоната администрација ќе биде задолжена да го надгледува расформирањето на Хамас.
Тој рече дека Франција е подготвена да придонесе во „мисија за стабилизација“ во Газа, зголемувајќи ја можноста за меѓународно безбедносно присуство на територијата. Францускиот лидер исто така најави дека Франција ќе отвори амбасада во палестинска држава само кога преостанатите 48 заложници што ги држи Хамас ќе бидат ослободени и кога ќе биде договорен прекин на огнот.
Тој вели дека светот е само на неколку моменти од тоа да не може повеќе да постигне мир и додава: „Не можеме повеќе да чекаме“ и дека „ништо не ја оправдува тековната војна“.
Tagged as:
Францускиот лидер предлага преодна влада во Газа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖