Топ Вести - Слушај сега
Нови сомнежи за корупција повторно го тресат светот на тенисот. Двајца француски тенисери се приведени во Франција како дел од истрага за местење натпревари, додека руска тенисерка доби повеќегодишна суспензија поради кршење на антикорупциските правила.
Француските тенисери Квентин Фолио (27) и Максим Хаму (30) се приведени во регионот на Париз како дел од полициска истрага за сомнежи дека учествувале во манипулација со резултати на тениски натпревари.
Фолио, поранешен 488. тенисер во светот, веќе подолго време се поврзува со случаи од рубриката „спорт и криминал“.
Против него уште во 2022 година беа покренати дури 27 обвиненија, меѓу кои манипулација со резултати, примање пари за намерно слаб настап на натпревари, обид за поткуп на други тенисери, уништување докази и одбивање соработка со истражителите од тениската агенција за интегритет.
Истрагата се сомнева дека тој бил дел од поширока криминална мрежа која се занимавала со местење тениски мечеви.
За разлика од него, Хаму досега не бил поврзуван со местење натпревари.
Сепак, неговото име стана познато во 2017 година за време на Ролан Гарос, кога по пораз во првото коло се обиде неколкупати да бакне новинарка на Eurosport за време на телевизиско интервју, без нејзина согласност.
Паралелно со истрагата во Франција, нов скандал го погоди тенисот и преку случајот на руската тенисерка Алана Туаева.
Таа доби суспензија од 45 месеци, односно три години и девет месеци, поради прекршување на правилата од антикорупциската програма во тенисот.
Случајот повторно го отвори прашањето за интегритетот на спортот и борбата против местењето натпревари.
Tagged as:
Француски тенисери приведени за местење натпревари
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
