Background

Фондот за здравствено осигурување најавува измени во правилниците за позитивната листа на лекови, со кои антикоагулансот Клексан ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, наместо да се бара рефундација

Фондот за здравствено осигурување најавува измени во правилниците за позитивната листа на лекови, со кои антикоагулансот Клексан ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, наместо да се бара рефундација.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, денеска истакна дека е побарано да се направат две клучни измени во правилникот: прво, да се овозможи преместување на лекови од болничката на аптекарската позитивна листа, а второ, Фондот да добие право за преговарање на цените на лековите кои се субвенционирани.

– Позитивната листа претставува форма на субвенција за одредени лекови. Сметаме дека кога државата веќе ги субвенционира, треба да имаме право да преговараме за нивната цена, а не да ја прифаќаме автоматски големопродажната цена. Забележавме дека со претходното зголемување на позитивната листа сите производители ги користеа максималните дозволени цени – изјави Клековски.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека лековите кои се на позитивната листа треба да бидат достапни по пониска цена, со цел субвенциите да имаат реален ефект.

– Прв приоритет ни е префрлањето на антикоагулансите, особено Клексан, кој веќе е на болничката листа. Наместо пациентите да чекаат рефундација, ќе можат директно да го подигнат на рецепт. Очекуваме штом Комисијата почне со работа и правилниците бидат усогласени, оваа промена да стане реалност – објасни Клековски.

Тој истакна дека за таблетарниот антикоагуланс Ксарелто сè уште нема договор, бидејќи производителите засега не сакаат да го вклучат на позитивната листа.

– Разговараме со еден од производителите за да обезбедиме пониска цена, бидејќи овој лек е често користен кај повозрасните пациенти со кардиолошки проблеми – додаде Клековски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation