Background

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 нови стипендии за студенти од Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Осумнаесетта година по ред, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти од Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, продолжувајќи ја традицијата на поддршка за идните здравствени работници.

Изборот на стипендистите за академската 2025/2026 година е направен врз основа на јавниот конкурс и одобрен од Управниот одбор, по предлог на прелиминарните листи изготвени од комисиите во кои учествуваат претставници на Фондацијата, факултетите и студентите.

За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет. Фондацијата и оваа година доделува и еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на наградата се Исидора Давитковска од Фармацевтскиот факултет, која дипломирала со просек 9,77, и Јована Цветановска од Медицинскиот факултет, со просек 9,98. Двете се долгогодишни стипендистки на Фондацијата.

- Advertisement -
Ad image

– Во време кога вештачката интелигенција станува неизбежен дел од секојдневието, важноста на човечкиот фактор, а особено на квалитетното образование, станува пресудна. Образованието не смее да се сведе само на технички вештини, треба да мотивира, да создава критичари, творци и решавачи на комплексни проблеми – изјави Живко Мукаетов, претседател на Фондацијата и генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје.

Тој нагласи дека зад секој напредок стои вложување во знаење и дека „Алкалоид“ денес успева на глобалниот фармацевтски пазар благодарение на континуираната поддршка и селективност во развојот на кадарот.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ во своето осумнаесетгодишно постоење стипендирала вкупно 739 студенти по фармација и медицина. Досега се инвестирани околу 151 милион денари во стипендии и еднократни награди за првенците на генерација.

Од ноември 2022 година, месечниот износ на стипендијата е 7.000 денари, доделувани 12 месеци годишно и пресметувани линеарно за сите постојни и нови стипендисти сѐ до нивното формално завршување на студиите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation