Судскиот совет треба да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд со кој се поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, вели министерот за правда, Игор Филков.
Тој не сакаше да ја коментира пресудата.
– Министерството за правда нема надлежност да ги преиспитува одлуките на судовите, тоа е елемент на независност на судската власт. Надлежност за извршување на пресудата од Управниот суд има Собраноето, односно, во конретноот случај има Судскиот совет. Должност на Судскиот совет е да постапи согласно пресудата и препораките и да ја повтори постапката. Да ги земе в предвид препораките на Управниот суд и да достави нов предлог до Собранието.
Тој немаше коментар за тоа што ќе се случува со одлуките на Уставниот суд во кои судијката Дуковска е известител.
– Да почекме да видиме – рече Филков.
На новинарско прашање дали има законски рок до кога Собранието треба да изврши избор на уставен судија министерот Филков реле дека нема рок.
Уставниот суд остана без еден уставен судија, откако Управниот суд го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска од 2023 година како неуставен и незаконски.
Според Управниот суд, со изборот на Димовска две институции постапиле противуставно, првата е Судскиот совет, преку ускратување на правото на еднаква можност на останатите кандидати, а втората е Собранието, кое со 64 гласа „за“ ја избра Дуковска за уставна судијка.