Background

Филипче задоволен од исходот на Конгресот

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека денешниот Конгрес бил успешен од аспект дека бил усвоен извештајот за локалните избори во 2025 година и дека се изгласала доверба на сите партиски тела.

- Advertisement -
Ad image

По петчасовна дискусија на 31. партиски Конгрес, која се одвиваше зад затворени врати, Филипче изјави дека сите пофалби и критики биле изнесени во конструктивен и во добронамерен тон.

На состанокот била изгласана доверба актуелното раководство на партијата, односно на Централниот и на Извршниот одбор, а поддршка од присутните делегати добила и заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска-Пановска.

– Од аспект на дискусија, од аспект на предлови, од аспект на совети, забелешки и критики, од аспект на пофалби бил рекол дека беше многу успешен, затоа што имавме одлична дебата, многу дискутанти и секој и сечие мислење беше конструктивно, добронамерно – и критиките и пофалбите – рече Филипче.Тој најави дека сите изнесени предлози и препораки ќе се сублимираат и ќе бидат тема на следните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор. Целта ќе биде врз основа на тие препораки и предлози да се утврди дали е потребно да се направат дополнителни измени на Статутот на СДСМ и во делот на креирањето на политиките.

– Така што, многу сум задоволен од денешниот состанок – рече тој.

Филипче потврди дека на Конгресот се дискутирало и за членовите на партијата кои отворено искажале незадоволство од актуелното раковдство на СДСМ.

– Се дискутираше и за тоа. Се дискутираше и за огромниот број членови, наши симпатизери и поддржувачи коишто за тие луѓе што денес ја критикуваат партијата, трчале и давале поддршка за време на нивните предизборни кампањи, за разочараноста на тие навистина верни членови кои без никаков бенефит ги поддржувале овие наши поранешни функционери. Тие биле во партијата и пред тие да бидат на функција и за време на нивните мандати, а и сега се тука како искрени и чесни членови. Така што се зборуваше за сите аспекти – рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation