Background

Филипче: Со изолацијата на земјата од ЕУ страдаат граѓаните, страда државата

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во одговори на новинарски прашања предупреди дека актуелната влада свесно ја носи државата во изолација, со директни последици врз економијата, транспортниот сектор и секојдневниот живот на граѓаните.

- Advertisement -
Ad image

„Со националистичка реторика, со лажна пропаганда дека сите се предавници на националните интереси, ветуваа подобра преговарачка позиција со Европската Унија. Што направија? Ја изолираа земјата. Гледајте каде сме ние, гледајте какви проблеми има, гледајте какви протести има. Ќе страда индустријата во следниот период, нема повеќе да функционира како што функционираше досега транспортниот сектор. Камионџиите ги блокираат граничните премини, не без причина. Тие имаат реален проблем. Но владата знаела од 2025 година и не презела ништо. Една од работите што најмногу загрижува е антиевропската реторика на оваа влада и лоцирањето на вината во сѐ во Европа, додека тие домашната работа не ја сработуваат. “ рече Филипче.

Тој нагласи дека Европската Унија известила за овие одлуки за новите регулативи, но дека Владата на Мицкоски не презела ништо со месеци.

Знаевме дека во 2025-та година таква одлука донесе Европската Унија, се поставува прашањето што Владата направи на тоа поле?“ рече претседателот Филипче.


Тој додаде дека
ваквото неодговорно однесување води кон сè подлабока меѓународна изолација:

„Ние ќе бидеме сè повеќе и повеќе изолирани со оваа влада на маргините на Европската Унија. Гледајте како Соединетите Американски Држави исто така не ставаат по страна. Оваа влада нема покана за бордот за мир на претседателот Трамп и новата администрација, има други земји во регионот.

Филипче додаде дека станува збор за намерна стратегија на изолација а од тоа страда државата, страдаат граѓаните.

„Тоа е само доказ дека владата намерно ја води земјава во изолација, носејќи сомнителен капитал, соработувајќи со авторитарни режими во регионот, гушејќи ја демократијата и слободата на говор и тоа едноставно не води никаде. Една од работите што најмногу загрижува е антиевропската реторика на оваа влада и лоцирањето на вината во сѐ во Европа, додека тие домашната работа не ја сработуваат. Очигледно е дека владата не прави ништо, а не правејќи ништо ние ќе бидеме сѐ поизолирани. Граѓаните ќе имаат сѐ поголем проблем. И не се само превозниците. Многу други граѓани имаат проблем на повеќе нивоа. Со оваа влада, со изолацијата која што намерно се наметнува, сè страда во државата. Сè буквално. “ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=A4nY87KxMRI

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation