Background

ФИЛИПЧЕ ПРЕДЛАГА НАМАЛУВАЊЕ НА ДДВ ЗА ГОРИВАТА ОД 18 НА 5%

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, прес-конференција предложи намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% при промет на сите енергенси, дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен газ и метан. Понатаму, вели Филипче, намалување на акцизата за 4 денари што според него директно ќе ја намали цената на еден литар на горивата по бензинските станции.

- Advertisement -
Ad image

„И дополнително на сè, сведување на нула проценти ДДВ на основните прехранбени производи, за да се амортизира евентуален скок на цените на храната“, соопшти Филипче коментирајќи ги новите цени на дизелот кои пораснаа за 20% поради ситуацијата на Блисиот Исток.

Според лидерот на СДСМ, во изминатите денови оваа влада не презема буквално ништо во однос на кризата којашто се случува со денови на Блискиот Исток, ништо не се дебатира ништо не се анализира, не се прават никакви припреми.

„Ќе поскапи струјата, ќе поскапат основните прехранбени продукти. Тоа ќе биде еден ланец на настани кои што ќе следат после поскапувањето на горивата. Имајќи предвид дека владата ништо не прави, сметам дека треба да предложиме нешто, да го земат предвид и да го направат за доброто на граѓаните“.

Филипче не е изненаден од поскапувањатта.

„И тоа не е изненадувањe, имајќи предвид дека системот не е спремен да се соочи со криза, а за што предупредувавме, да потсетам, и за време на анализа на Буџетот за 2026 година, дека овој Буџет е структуриран на начин на којшто криза нема да може да издржи. И после денешната одлука со која што од утре цените на горивата растат од 74,5 на 79,5 денари Супер бензинот. Дизелот за 20%, од 71 на 85,5 денари. Ова не е нешто што дојде преку ноќ. Ова е резултат на случувањата со кризата, со војната во Иран“.

Филипче потсетува дека еден месец во континуитет наназад расте цената на светските берзи на нафтата и таа е порасната за 60%.

„Досега требаше да има вонредна седница на Владата, би рекол и не една, повеќе, за да се спреми системот да се донесат мерки, за да вакви ценовни шокови граѓаните не почувствуваат. А што имаме, тоа што вообичаено имаме од премиерот изминатите веќе две години, спинови, дефокус, навреди, недоличен речник, напади до мене лично, до опозицијата, манипулација со мигрантите, дали биле легални или нелегални, дека сме биле четврта економија, во светот“, реагира лидерот на СДСМ.

Тој додаде дека поскапувањето на горивата ќе значи и нови поскапувања на основните прехранбени производи, а власта се уште нема никакви мерки за граѓаните. Дополнително, во изминатиот период секој предлог за помош на граѓаните поднесен од СДСМ беше одбиен, се жали Филипче.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation