Топ Вести - Слушај сега
Мицкоски е чувар на фотелјата во ВМРО, патот се чисти за вистинскиот газда на ВМРО – Груевски, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Фокус“.
Филипче посочи дека начинот на кој ВМРО управува со партијата и јавноста се насочени кон заштита на лични и партиски позиции, а не кон решавање на вистинските проблеми на граѓаните.
„Дали воопшто може да им се верува на луѓе кои за вистината велеа сечено-лепено?! Јасна им е веројатно на сите целта. Наместо Идризово, од аеродромот право кон Белата палата. Затоа Мицкоски, чуварот на фотелјата во ВМРО, ги отстрани сите потпретседатели на партијата. Патот се чисти за вистинскиот газда на ВМРО“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ додаде дека целата стратегија на ВМРО, преку манипулации и засилена медиумска пропаганда, е насочена кон враќање на Груевски.
„Ќе видат сами кога ќе почне целиот процес за укинување на пресудите и враќање на будимпештанскиот газда на ВМРО“, посочи тој.
Во интервјуто, Филипче укажа дека ВМРО затоа и го оцрнува СЈО со цел ослободување и враќање на Груевски.
„Сите овде се запознаени со сè што се случуваше, со тоа што се случува сега, па и со овој случај. ВМРО го оцрни комплетно СЈО со една цел – ослободување и враќање на Груевски, по падот на Орбан во Унгарија. Катица ја пуштија порано за да учествува во црната кампања против СДСМ и повторно да се дојде до поништување на пресудите за Груевски“, вели Филипче.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
