Фестивалот „Македокс“ ќе се одржи од 21 до 28 август

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сто странски гости се потврдени на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, чие 16. издание ќе се одржи од 21 до 28 август. Во тој период, ќе може да се погледнат 75 документарни остварувања на пет фестивалски локации, информираа на денешната прес-конференција во Скопје, извршниот директор на фестивалот Дарко Набаков, програмскиот координатор Петрула Вељановска и раководителот на индустри – програмата, Сара Феро.

Набаков информираше дека мотото годинава е „Кому му е гајле за реалноста“.

– Во овие осум фестивалски денови ќе погледнеме 75 документарни остварувања на пет фестивалски локации. „Куршумли ан“, Младински културен центар, Музеј на Македонија, „Сули ан“ и „Лабораториум“ во Скопје. Програмата е подредена во пет натпреварувачки категории. Овие филмови ќе се борат за стандардните пет награди. Наградата „Кромид“ за главната програма, наградата „Млад кромид“ за програмата на нови автори со прво и второ документарно остварување, „Сецкан кромид“ – наградата за кратки документарни филмови, „Кокарче“ – наградата за студентската програма и специјалната награда на „Македокс“ – наградата за етички идеи. Веќе се потврдени 100 странски гости – додаде Набаков.

Програмската координаторка Вељановска соопшти дека одлучиле фестивалот да го отвори филмот „Бардо“ на словачката режисерка Вјера Чаканјова.

– Ќе следува „Само на земјата“ на режисерот Робин Петре. Филмот не е случајно одбран за отворање на фестивалот, затоа што зборува за пожарите што се случуваат насекаде во светот – па и кај нас и како човекот, па и животните, се справуваат со нив. Затворањето на фестивалот е резервирано за хрватскиот филм „Фиуме или смрт“ на хрватскиот режисер Игор Безиновиќ – додаде Вељановска.

Земја во фокус програмата оваа година е Австрија и традиционално ќе се отвори на вториот ден од Фестивалот со два австриски документаци од поновата австриска продукција.

Одговарајќи на новинарски прашања, Набаков изјави дека фестивалот оваа година има зголемена поддршка од 50.000 денари од Агенцијата за филм, но ја изгубил поддршката од Министерството за култура, која минатата година изнесувала 800.000 денари.

Share This Article