Кијану Ривс и Александра Грант се појавија на црвениот тепих, на светската премиера на новиот филм на актерот во Њујорк држејќи се за раце.
Актерот и неговата партнерка покажаа дека се навистина поинакви од останатите ѕвезди.
Ривс (61) во елегантен црн костум со темно сива кошула и вратоврска, а Грант (53) со сиво палто со дезен, природни, едноставни и свои.
Двајцата беа одлично расположени додека им позираа на фоторепортерите во „AMC Lincoln Square“, но за разлика од останатите кои со наместени и вкочанети насмевки позираат на црвените теписи на премиери и слични настани, тие дури и ова го прават некако лабаво и како едвај да чекаат да заврши, но сепак се доволно пристојни за да „одработат“.
Инаку, кога станува збор за новиот филм на актерот, „Исход“, станува збор за мрачна комедија во режија на Џона Хил, кадешто Ривс го толкува ликот на Риф Хок, актер кој „мора да се соочи со демоните од своето минато“ откако ќе стане жртва на уцена.
Според официјалното сценарио, со поддршка на неговите долгогодишни најдобри пријатели Кајл (Камерон Дијаз) и Зандер (Мет Бомер), како и кризниот адвокат Ира (Хил), Риф тргнува на пат кон самооткривање за да им се извини на сите што можеби ги повредил, со надеж дека ќе открие кој го уценува.
Филмот „Исход“ ќе биде достапен на платформата „Епл ТВ Плус“ од петок, 10 април.
Кијану Ривс првпат се појави во јавноста со својата партнерка Александра Грант во ноември 2019 година. Нивното познанство датира речиси десет години претходно, кога соработуваа на книгата „Ода на среќата“ во 2011 година.
Tagged as:
Фатени за рака и насмеани до уши цупкаат лево-десно на црвениот тепих
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
