(ФАКСИМИЛИ) МАШИНЕРИЈАТА НА КОРУПЦИЈАТА: КАКО ХИДРОБИОЛОШКИОТ ИНСТИТУТ ГО КРШИ ЗАКОНОТ СО НЕПОТИЗАМ И СУДИР НА ИНТЕРЕСИ

Saso
By Saso 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Корупцијата во Македонија одамна престана да биде исклучок и стана правило. Таа се провлекува во секоја пора на општественото живеење, станувајќи огледало на системот во кој живееме. Криминалот е насекаде видлив, за него знаат сите – и МВР, и ОЈО – но по линија на помал отпор, во смисла на “ние правиме, нека прават и тие, наши се”, корупцијата продолжува да цвета.
Еклатантен пример за ваквата состојба е случајот со Хидробиолошкиот Институт во Охрид. Преку проектот “ПОНТ”, комисијата за јавни набавки доделувала договори на фирмата ЛАЈФ-БИОМЕДИКАЛС увоз-извоз Вевчани ДООЕЛ. На прв поглед, ништо необично. Но, кога ќе се погледне под површината, се открива класичен случај на непотизам и судир на интереси.
Оснивач на оваа фирма е Јовица Лешоски, лице вработено во истиот Хидробиолошки Институт како асистент на проектот ПОНТ, којшто го раководи Елизабета Сарафилоска (сопруга на началникот “со лепливи прсти”). За приказната да биде уште поапсурдна, според Централниот регистар на РСМ, како управител на фирмата се јавува мајката на Јовица, Елица Лешоска – очигледен обид за прикривање на судирот на интереси.
Според Законот за јавни набавки во РСМ, учесниците на јавните повици не смеат да бидат вработени во институциите кои ја распишуваат јавната набавка. Дополнително, тие се должни да достават изјава за немање судир на интереси. Во конкретниов случај, фирмата чиј единствен сопственик е лицето Јовица Лешовски, кој истовремено е вработен во НУ Хидробиолошки Институт во Охрид, се јавува како носител на јавна набавка – што претставува кривично дело во смисла на злосторничко здружување.
Ова отвора сериозно прашање: што сè се правело наназад во оваа научна установа, единствена од ваков тип во РСМ и пошироко? Дали ова е само врвот на ледениот брег на корупцијата во институцијата? И најважно – ќе има ли одговорност за оваа очигледна злоупотреба на положбата и јавните средства?
Ваквите случаи ја подриваат довербата во институциите и го слабеат општественото ткиво. Кога корупцијата станува норма, а не исклучок, кога непотизмот и судирот на интереси се толерираат, а не санкционираат, тогаш системот е сериозно загрозен.
Прашањето не е дали институциите ќе реагираат на овој конкретен случај, туку дали воопшто имаме систем кој е способен да се справи со корупцијата. Дали имаме независни институции кои ќе постапат во согласност со законот, без оглед на тоа кој е вмешан? Досегашното искуство не дава многу причини за оптимизам.
Корупцијата престана да биде изолиран инцидент и стана системски проблем. Затоа и не може да се реши со изолирани мерки, туку бара целосна реформа на системот и, што е уште поважно, промена на менталитетот. Се додека корупцијата се толерира, се додека постои перцепција дека “сите тоа го прават”, се додека нема санкции за очигледни злоупотреби како оваа во Хидробиолошкиот Институт, не можеме да очекуваме суштински промени.
Ќе има ли одговорност за корумпираноста? Искуството покажува дека одговорноста често изостанува, а системот продолжува да функционира по старо. Но, ако сакаме вистинска промена, мора да инсистираме на одговорност, транспарентност и владеење на правото. Во спротивно, корупцијата ќе продолжи да биде огледало на нашиот систем – огледало кое покажува многу повеќе отколку што би сакале да признаеме.

Извор на докуентација : По б арање за информација од јавен карактер ,званичен одговор на НУ Хидробиолошки институт Охрид:

Извадок од тековна состојба за оснивачи на фирмата ЛАЈФ-БИОМЕДИКАЛС увоз-извоз Вевчани ДООЕЛ

 

 

Share This Article