Топ Вести - Слушај сега
Системот за брза размена на информации за небезбедни производи што се пласирани на единствениот пазар на ЕУ (RAPEX) издаде предупредување за неисправност на два производи и нивно итно повлекување од продажба поради хемиски ризик.
Станува збор за две серии фалсификувани кадифени играчки од брендот Pop Mart – Labubu и Monster кои се фалсификувани. Играчките потекнуваат од Кина.
Пластичниот материјал вграден во играчката Лабубу – чудовиште има прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) (измерена вредност: 16,55% по тежина).
Овој фталат може да му наштети на здравјето со предизвикување евентуално оштетување на репродуктивниот систем.
За обој производ пријавила Чешка.

Вториот производ е Чудовиште со КОКА-КОЛА, е бела кадифена играчка, изработена од пластика и филц, со црвен капак и шише што личи на „кока кола“, пластично лице, раце и нозе.
И оваа играчка е фалсификат на брендот Pop Mart . Број на серија: 410006-2P1, број на модел: 12403190065. Баркод: 6931571047290
Пластичниот материјал на производот има прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) (измерени вредности до 34,7% од тежината).
Фалсификатот е пријавен во Германија.

Tagged as:
Фалсификатите на познатите играчки Лабубу се опасни по здравјето на децата
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
