Топ Вести - Слушај сега
„Данска и Гренланд, и само тие, треба да одлучат за прашања кои се однесуваат на нив“, се вели во заедничкото соопштението на европските лидери, пренесува „Гардијан“.
Лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Велика Британија и на Данска исто така, наведоа дека заедно со другите сојузници, „го зголемиле присуството, активностите и инвестициите за да ја осигурат безбедноста на Арктикот и да ги одвратат противниците“.
Соопштението доаѓа како одговор во време на зголемените тензии и изјави од САД во врска со иднината на Гренланд, најголемиот остров во светот.
Европската комисија, пак, се огласи во врска со ситуацијата во Венецуела, по апсењето на претседателот Николас Мадуро. Комисијата вели дека нема „конкретен коментар“ на полагањето заклетва од страна на досегашната потпретседателка и соработничка на Мадуро, Делси Родригез, како привремена претседателка.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
