Background

Европските берзански индекси денеска се главно во пораст

Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, а заедничката европска валута зајакна во однос на доларот по парламентарните избори во Германија и победата на конзервативните демохристијани на чело со Фридрих Мерц, кои најавија дека во рок од 2 месецa ќе биде формирана нова влада.

Германија се соочува со економска стагнација и трговски тензии поради најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе увозни царини, а новата влада во Берлин се очекува да ја реформира „сопирачката за долг“ за да обезбеди дополнителни средства, јавуваат медиумите.

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,04853, што е приближно 0,25% повисока од петокот.

- Advertisement -
Ad image

Франкфуртската берза DAX  утрово порасна на 22.360,59 поени, британскиот FTSE 100 на 8.662,15 поени, московскиот MOEX на 3.302,85 поени, додека францускиот CAC 40 падна на 8.107,32 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 43.428,02 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 6.013,13 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 19.524,01 поен.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта падна на 70.106 долари, а на нафтата од типот брент на 74.162 долари.

Европските фјучерси на гас за март се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 46.520 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.943,18 долари за унца, а на пченицата падна на 5,8219 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation