Топ Вести - Слушај сега
Европската Унија наскоро може да добие нова членка, објави бриселскиот медиум „Политико“. Референдум за продолжување на пристапните преговори за Исланд е можно е да се одржи уште во август, тврдат двајца извори запознаени со подготовките.
Владејачката коалиција во Рејкјавик ветила гласање за иднината во Унијата до 2027 година. Преговорите за Исланд беа замрзнати во 2013 година. Сега рокот се скратува.
Причините за новата „итност“ околу Исланд лежат во новите глобални тензии. Вашингтон воведе царини за Исланд, додека американскиот претседател Доналд Трамп неодамна зборуваше за можна анексија на Гренланд, со или без воена интервенција.
Неговиот номиниран амбасадор Били Лонг се пошегувал дека Исланд би станал 52. американска држава.
Еден функционер од Брисел оценил дека ваквите изјави „сигурно се вознемирувачки за таква мала земја“.
Комесарката за проширување на Евроспската Унија Марта Коса изјавила дека дебатата се менува.
– Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да работиме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен се сретнала со премиерката Криструн Фростадотир во Брисел. Таа оценила дека партнерството „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Исланд аплицираше за членство во Унијата во 2009 година, во екот на банкарскиот колапс. Во декември 2013 година владата ги замрзна преговорите со ЕУ. Во март 2015 година Рејкјавик побарал да не се смета за кандидат.
Денес контекстот е поинаков. Земјата нема армија. Се потпира на НАТО и на договорот со САД од 1951 година. Географската позиција во Северниот Атлантик ја прави стратешка.
Анкетите покажуваат растечка поддршка за членство.
Најголемата пречка останува риболовот. Риболовот е една од клучните индустрии во земјата. Со влез во Европската Унија, Исланд би морал да се усогласи со Заедничката рибарска политика на ЕУ. Меѓу другото, тоа за Исланд ќе значи и можни ограничувања на уловот.
Поранешниот претседател на Исланд Гуџи Јоханесон предупредил дека домашните политички отпори ќе бидат силни.
– На крајот, сè се сведува на рибата – оценил висок функционер од ЕУ.
Минатото на беше обележано со „Војните на бакаларот“ со Велика Британија. По Брегзит, таа динамика се менува. Брисел повеќе не преговара со Лондон околу квотите.
Исланд веќе е дел од Европската економска зона и од Шенген. Пред замрзнувањето затворил 11 од 33 поглавја. Теоретски, процесот може да трае 1 година.
Сепак, извори од Рејкјавик предупредуваат дека рокот е амбициозен.
Дури и ако референдумот за продолжување помине, ќе биде потребен уште еден референдум по завршувањето на преговорите.
Со петтиот највисок БДП по глава на жител во светот, економската мотивација е послаба. Безбедносната логика станува клучна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
