Трговската војна, што ја иницираше претседателот на САД, Доналд Трамп, треба да предизвика „од кон независност“ на Европа, изјави денеска претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.
– Тој (Трамп) го нарекува тоа во САД „Ден на ослободувањето“, но мислам дека тоа е момент кога заедно треба да одлучиме да ја земеме нашата судбина повеќе во свои раце и мислам дека тоа е од кон независност – истакна Лагард за радиото „Франс Интер“, опишувајќи ја ситуацијата како „егзистенцијален момент за Европа“.
Трамп вчера најави дека на 2 април, како што го нарече „Ден на ослободување“, ќе го претстави сеопфатниот план за воведување на царини, со кој ќе бидат опфатени сите земји, а не само група од 10 до 15 држави.
– За да бидеме во добра преговарачка позиција, мораме да покажеме оти не сме подготвени да се откажеме – посочи Лагард додека Европска Унија подготвува одговор на американските царини.
Според ЕЦБ, еврозоната би можела да забележи пад на бруто-домашен производ (БДП) за 0,3% поради трговската војна на Трамп и за 0,5% во случај на европски одговор, во првата година од спроведувањето на овие мерки.
– Трговската војна создава само губитници – наведе Лагард.