Background

Европската комисија дозволи поголема државна помош за енергетски интензивните индустрии за да ги одврати компаниите од преселување во странство

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Европската комисија дозволи поголема државна помош за енергетски интензивните индустрии за да ги одврати компаниите од преселување во странство, а секторите што веќе добиваат поддршка, како што се челичната и хемиската индустрија, исто така ќе имаат право на поголема државна помош, објави Европската комисија.

- Advertisement -
Ad image

Kомисија денеска усвои амандман на Упатствата за државна помош во рамките на Системот за трговија со емисии на стакленички гасови (ETS), со цел да се задржат енергетски интензивните индустрии во ЕУ.

Со овој амандман, проширен е списокот на сектори кои можат да добијат надомест за трошоците за електрична енергија настанати поради цената на емисиите на јаглерод диоксид, а меѓу нив се и секторите за производство на органски хемикалии, керамика, стакло и батерии.

Секторите кои веќе беа опфатени – челичната и хемиската индустрија –  сега можат да добијат надомест до 80%, во споредба со претходните 75%, за да го покријат поголемиот ризик од преместување на производството надвор од ЕУ.

Големите корисници на државна помош ќе бидат обврзани да инвестираат дел од средствата во проекти што ги намалуваат трошоците на електроенергетскиот систем и придонесуваат за зелената транзиција.

Комисијата, исто така, предвиде дека земјите-членки можат да предложат дополнителни сектори кои не се на списокот, доколку докажат дека се изложени на реален ризик.

Поради пониските трошоци, компаниите го преместуваат производството во земји со послаби ограничувања на емисиите, а клиентите ги заменуваат производите од ЕУ со увоз од земји каде што производството создава  повеќе емисии на јаглерод диоксид.

Оваа ситуација претставува двојна загуба, бидејќи европската економија ја губи конкурентноста, а глобалните емисии на јаглерод диоксид не се намалуваат.

Новата регулатива треба да ги промени овие трендови и да ги мотивира компаниите да останат во Европската Унија, а е создадена по консултации со заинтересираните сектори.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation