Eвропската комисија денеска ја одобри заедничката инвестиција на американската компанија „Мета Платформс“ и индиската „Релајанс Индустрис“ во проект за услуги за вештачка интелигенција за претпријатијата во ЕУ.
Комисијата заклучи дека заедничката инвестиција нема да предизвика нарушување на принципите на конкурентност, со оглед на нејзиното ограничено влијание во Европската економска зона.
Трансакцијата е одобрена врз основа на Регулативата за здружување на ЕУ, откако е испитана според поедноставената постапка за преглед на заеднички вложувања.
Станува збор за заедничка инвестиција вредна 100 милиони американски долари во проект преку кој на европски компании ќе им се нудат алатки за вештачка интелигенција.
Понудата ќе опфаќа платформа за услуги за прилагодување и распоредување на генеративни модели на вештачката интелигенција и пакет на конфигурирани решенија прилагодени за различни сектори, како продажба, маркетинг, ИТ операции, услуги на клиентите и финансии.
Уделот на „Релајанс“ во проектот е 70%, а на „Мета“ 30%.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖